Голот на Халанд со кој Сити се врати прв на табела

Борбата за титулата во англиската Премиер лига го достигнува врвот. Манчестер Сити синоќа со 24-от сезонски гол во Премиер лига на Ерлинг Халанд го совлада давеникот Барнли 0-1 на гости, освои 3 златни бода и се врати на 1. место на табела. Имаат исто бодови со Арсенал по 70 и пазете ова, имаат по 21 победа, по 7 нерешени и по 5 порази со гол разлика +37 и едните и другите.

Халанд го даде единствениот гол на мечот од 34. коло за победа над Сити. Барнли од друга страна и дефинитивно испадна во втора лига.

Сити е прв на табела зошто постигнал поголем број голови од Арсенал, параметар кој се гледа во ситуација кога имаат исто бодови.

Standings provided by Sofascore
23 април 2026 - 14:54