
Триесет и пет годишниот полски голман игра сјајна сезона како и целиот тим на Барселона. Верувале или не, Шчесни на 25 натпревари на кој бранел само еднаш ја почуствувал горчината на поразот, против Борусија Дортмунд минатата недела во Лига на шампиони каде Барселона отиде со предност од 4-0 па изгуби 3-1.
Навивачите во Шпанија често му пејат „Шчесни пушачот“ ("Szczesny fumador") како асоцијација на негото признание дека е страствен пушач и дека неретко пали цигари и на полувреме.
Тој е искрен и отворен.
„Има некои делови од играта каде што верувам дека можам да бидам совршен пример за младите луѓе или за моите соиграчи.
Но има и некои работи во мојата кариера што подобро да не ги следите. Во некои аспекти не успеав (да биде пример), но се обидувам да бидам најдобрата верзија од мене самиот и да се обидам да им дадам прав пример на моите соиграчи и на младите деца кои не гледаат.
Но кога сме кај пушење цигари, ве молам не ме следете и не го правете тоа. Ја изгубив таа битка. Кога бев многу млад створив лоша навика што е многу негативна за мене и знам како е. Просто изгубив во таа борба. Така што секој што гледа: Не правете го тоа“.
Интересно е што Шчесни парадоксално е еден од ретките ако не и единствен славен фудбалер што јавно зборува за проблемите со пушење или пиење алкохол.
„Тоа е зошто не сум политичар можеби затоа. Јас сум само голман. Треба да ја бранам топката и да ја рогам. Многу многу е полесно да се држиш до своите претходни интервјуа ако си само искрен и никогаш не лажеш и си отворен“, вели Полјакот прашан како решил да збори отворено за темата која е табу тема во фудбалот.
„Вие ме прашувате прашање, јас одговарам на прашањето што почесно можам. Знаете дека има работи за кои не би зборувал. За оваа тема која што ја спомнавме, попрво не би зборувал но ако некој ме праша, да, јас пушам. Но не сакам да ме прашуваат за тоа зошто не сакам да бидам лош пример“, вели Шчесни.
Тој сезонава има дури 13 натпревари без примен гол откако во октомври дојде во Барселона и му помогна на тимот на Ханси Флик и натаму да сонува тројна круна. Први се во Ла Лига со 4 бода предност пред Реал, ќе играат во финале на шпански Кралски Куп против Реал Мадрид а ги чека и полуфинале на Лига на шампиони против Интер.
„Екипата игра многу добар фудбал, дава многу голови. А јас се трудам да не зафркнам работа, тоа е тоа. Бев среќен што застанав на голот во моментот кога екипата почна да победува. Исто и како се браниме. Многу ми се олеснува работата затоа што кога се браниме и го блокираат секој шут, го добиваат секој дуел со глава, секој лизгачки стат, така што јас можам да си запалам цигара“, се смее Шчесни на крај од интервјуто за ЕСПН.