Голем гест на Челси: премиите од Светско клупско првенство за семејството за Жота

Играчите на Челси кои пред само неколку недели го освои новото издание на Светско клупско првенство кое се одржа во САД, решиле дел од премијата заработена од турнирот, да ја донираат на фамилијата на трагично настраданиот Диего Жота, на неговата сопруга и на нивните деца.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Во големото финале на Светско клупско првенство Челси го згроми ПСЖ со 3-0 и стигна до пехарот.

За овој триумф сите фудбалери кои учествувале на турнирот добиле премија од 11,4 милиони фунти. Сега, пишува Атлетик, играчите и управата решиле дел од таа сума да ја донираат на семејството на Диего Жота и неговиот брат Андре.

Сумата ќе биде намалена и од даноците и конвертирањето од долари во фунти, пишува Атлетик.

Во меѓувреме Премиер лига сака да оддаде и почит за загинатите Диого Жота и неговиот брат Андре, па сите натпревари од 1. коло во новата сезона претстојниот викенд ќе започнат со минута молк за Жота и брат му. Братот на Диого Жота, Андре Тешеира да Силва настапуваше за португалски Пенафиел од втората лига на Португалија.

Премиер се отвора со дуелот Ливерпул - Борнмут а одлучено и сите фудбалери викендов да носат црн флор околу рака. Црвните од Енфилд ќе играат и со амблем на својот дрес со натпис „Засекогаш 20“.

Ливерпул реши и да го повлече бројот 20 од употреба во чест на нивниот Диого Жота кој постигна 65 гола на 182 натпревари во црвениот дрес.

14 август 2025 - 11:41