Гол Скудето е традиција во семејството Симеоне

Нешто и од играчките денови на Диего Симеоне, ама и од син му. Што би се рекло народски, родени се за беља. Прашајте го Наполи зошто, ама и Јувентус и Интер.

Со хет-трикот против Наполи, Џовани Симеоне минатиот викенд можеби и го затвори прашањето околу борбата за Скудетото, бидејќи Јувентус одново влегува ова коло со +4, ама овој пат на три кола до крај.
 
 
23 годишниот аргентински напаѓач со голема веројатност му го сруши сонот на Сари, неговите избраници и цел град кој е луд по фудбал и кој 28 години ја чека титулата.

Една недела претходно Наполи славеше голема победа против Јуве на гости која беше прославена како титула. Кулибали даде гол со глава во финишот од средбата. Тие што не го следат италијанското првенство површно, можеби гледаат сличност со еден друг натпревар во Торино кој исто така заврши 0:1.
 
 
Јувентус - Лацио, 1 април 2000-та година. Го постигна Диего Симеоне со глава и му ги врати надежите на својот тим во борбата за титулата. Но следното коло Лацио не киксираше како Наполи, а Симеоне не доби црвен како Кулибали.
 
Лацио ги доби преостанатите мечеви до крај, а Јуве во последно коло загуби на дождот во Перуџа.

Можеби уште поголем кошмар Симеоне му приреди на Интер од каде направи трансфер во Лацио, но овој пат од тоа профитираше Јувентус.
 
 
На 5 мај 2002-та во последно коло Диего Симеоне беше стрелец против Интер за 3:2. Лацио не се бореше за ништо, но на крај славеше со 4:2 и со тоа му направи услуга на Јуве кој го совлада Удинезе и ја прослави титулата.
 
Нa 2:35

Диего и Џовани Симеоне ќе останат запаметени како таткото и синот и нивните историски и решавачки голови во борбата за тронот во Серија А.
4 мај 2018 - 14:36