Внимавајте сезонава на Верона која игра убав фудбал под водство на Игор Тудор и која гази против големите екипи. По четирите гола против Лацио, син му на Диего, Џовани Симеоне ги змрзна Бјанконерите со два комада во 11 и 14 минута за нова голема победа од 2:1, а нов шок за Алегри после поразот дома од Сасуоло.