Гол на Трајковски за Хајдук во 90+8' минута, Сплит во еуфорија

Александар Трајковски долго време не беше во составот на Хајдук Сплит, го изгуби првотимскиот статус кај Џенаро Гатузо, но денеска влезе од клупата за резерви на мечот против Локомотива Загреб во 68-ма минута а во последните секунди постигна прекрасен гол со глава за конечни 1-1. После 29 кола во ХНЛ, Ријека е прва со 56 бода, Хајдук втор со 55 а Динамо трето со 49 бода.

13 април 2025 - 21:51