И покрај тоа што веќе неколку месеци игра во Саудиска Арабија и со тамошниот Ал Наср настапува во домашното првенство и во азиска Лига на шампиони, Кристијано продолжува да ги решета мрежите и во репрезентативниот дрес.
Синоќа на мечот во Зеница против Босна и Херцеговина кој Португалците го добија неверојатно убедливо со 0:5 со пет погодоци на полувреме во рамки на 8. коло од квалификациите за Европско.
Роналдо постигна два гола (еден од пенал) и стигна до бројката од неверојати 40 гола во оваа календарска година.
Зад него е 23-годишниот Халанд со 39 погодоци годинава, а 24-годишниот Килијан Мбапе прослави 35 гола досега во 2023.
Интересно, португалскиот ас во последните 12 години постигнува најмалку 40 голови секоја година!
2023: 40 гола
2021: 47 гола
2020: 44 гола
2018: 49 гола
2017: 53 гола
2016: 55 гола
2015: 57 гола
2014: 61 гол
2013: 69 гола
2012: 63 гола
2011: 60 гола
2010: 48 гола
Годинава капитенот на Португалија во просек постигнал гол или асистирал на секои 77 минути, а неверојатно звучи податокот, пишува Спортклуб дека Кристијано има повеќе од 100 гола во три различни децении. Тој исто така погодил 75 гола за Португалија откако наполнил 30 години.