Њукасл Јунајтед со 4-1 го разби Манчестер Јунајтед и се искачи на 4-то место кое води во Лига на шампиони, со 56 бода, 1 повеќе од Манчестер Сити и 1 помалку од Нотингем Форест но и натпревар помалку. Тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим се реши да ги смени голманите па Онана после катастрофалниот настап против Лион беше седнат на клупа а на голот застана турскиот голман Бајиндир. Не се прослави ни тој а директно беше крив за едниот од головите.