Угледната Газета го испофали македонскиот бисер после блескавата партија против Удинезе на која се истакна со мајсторски гол и асистенција.
Чекаше трпеливо шанса од првата минута и ја искористи максимално, па дури и се најде во тимот на колото во Серија А.
Спалети многу добро ги знае неговите квалитети и не за џабе сезонава го изоставил комплетно на само еден единствен натпревар од вкупно 21.
„Неречете го Елмасхелија и нема да се навреди. Три пати го замени Кварацхелија од првата минута против Лече, Аталанта и Удинезе и на сите три меча даде гол плус и асистенција во саботата за Осимен. Не е како Грузиецот, ама е блиску до него. Елмас е крилен играч кој на свој начин ја прави разликата. Ја нема непредвидливоста како поранешниот играч на Динамо Батуми, ама никогаш тренерот не зажалил што го ставил во игра, затоа што постојано е опасност во противничкиот шеснаесетник.
Ладен е како напаѓач, а корисен како играч од среден ред по крило за да му даде рамнотежа на тимот. Тоа е Елиф Елмас кој може да се дефинира како неочекуван протагонист на овој неверојатен налет на Наполи. Македонецот кој ја елиминираше Италија од трката за Светско и кој е повикан за пријателски против Финска и Азербејџан, не се чувствува повеќе дома на клупа, како што напиша на социјалните мрежи на ироничен начин.
Сега всушност Елмас е „додаден првотимец“ со сите нишани, токму таков каков што сака Спалети, кој го цени многу поради тактичките и техничките капацитети. Не за џабе до сега има 20 настапи од можни 21, иако на само пет пати од нив е како стартер.“, пишува Газета дело Спорт
Атмосферата во еден од баровите во Неапол кога го даде голот против Удинезе за 3:0.