Гари Линекер: „Тренинзите на Артета се смешни, не мора да ги снимаат“

Нештата во фудбалот се менуваат со толку голема брзина што до пред само неколку недели Арсенал веќе размислуваше како ќе го лади шампионското шампањско, а сега Манчестер Сити им дојде на -6 бода но со натпревар помалку за тимот на Пеп Гвардиола. Линекер смета дека Артета не умее да се носи со големиот притисок за да освои титула на крајот.

„Се осудувам да кажам дека методите на работа на Артета се на ивица на ужас. Се граничат со смешност... Тоа со пенкалата, па проекции од ТикТок на џиновски екрани за време на тренинзите... Ако сакаат да се натпреваруваат потребно е само да останат мирни. Ако веќе правите нешто поинакво, тогаш правете го тоа во тајност, погрижете се никој да не ве снима. Тоа би бил мој искрен совет. Верувам дека притисокот е голем, да победуваат никој ништо не би им рекол, но проблемот е ако привлекуваат внимание а после не победат. Со тоа покажуваат дека подлежат на притисокот“, рекол Линекер во подкастот „Rest is Football“.

Арсенал во Лига на шампиони во среда ќе брани предност од 1 гол против Спортинг Лисабон на домашен терен во Лондон. Изминатиов викенд шокантно изгубија 1-2 од Борнмут а Сити со победа од 1-3 над Челси ја стопи предноста на „топџиите“.

14 април 2026 - 12:39