Според истражувањето на агенцијата за спортски маркетинг Repucom, клубовите од англиската Премиер лига, германската Бундеслига, италијанската Серија А, шпанската Ла Лига и француската Лига 1, оваа година од своите спонзори ќариле 2,1 милијарди евра.
Со 442 милиони евра компаниите за производство на спортска опрема го држат приматот помеѓу спонзорите. Најголем удел од нив го има Најк со инвестирани 166 милиони евра во 21 клуб од Топ 5 лигите во Европа.
Најмногу од спонзорскиот колач имаат ќарено клубовите од Премиер лигата, а оваа лига е најинтересна за странските инвеститори. Дури 77% од спонзорствата во Премиер лигата се од компании лоцирани надвор од Велика Британија.
16% од овие спонзорствата во Премиер лигата потекнуваат од Блискиот Исток. Компаниите од овој регион се најголеми инвеститори во Европскиот фудбал и една нивна зделка во просек изнесува 10,6 милиони евра.
Ако сте заинтересирани да го прочитате целиот извештај, можете да си го купите од тука. Извештајот е на 50 страни и чини "само" 4.900 евра (со зборови: четири илјади и деветстотини евра!).