На сликата е Хозе Алтафини познат како Мацола бидејќи личел на италијанската легенда Валентино Мацола. Се работи за четвртиот најдобар стрелец во историјата на Серија А со 216 голови заедно со Џузепе Меаца од кои најмногу ги постигнал во Милан. Алтафини го освои Мундијалот во 1958 година заедно со Пеле. Беше дел од Наполи седум сезони и потоа направи трансфер во Јувентус со кој освои две Скудета.
Дино Ѕоф бранеше за Наполи од 1967-ма до 1972 година, но не освои ништо.
Трансферот во Јувентус беше полн погодок. Шест Скудета, два италијански Купа и Куп на УЕФА.
Чиро Ферара играше добри 10 сезони во Неапол, градот каде е роден. Таму ја почна кариерата во 1984-та и си замина во 94-та. Освои две Скудета, Куп на УЕФА, Куп на Италија и Супер Куп на Италија заедно со Марадона.
Јуве му беше втор и последен клуб каде играше до 2005-та и каде освои се.
Прошталниот натпревар го одигра на Сан Паоло на 9 јуни 2005 година.
Тренер на Наполи во сезоната 1993/1994 беше Марчело Липи.
Потоа замина во Јувентус и го направи клубот европски и светски првак.
Дел од времето на Липи во Наполи беше и фудбалерот од среден ред, Фабио Пекио кој го носеше дресот четири сезони, а потоа одигра една сезона во Јуве.
Фабио Кваљарела во 2009-та направи трансфер од Удинезе во Наполи.
По една година направи трансфер во Јуве кој му се исплатеше. Освои три Скудета.
Централниот бек на Палермо, Леандро Ринаудо во 2008 година му се приклучи на Наполи каде настапуваше две сезони. Следуваше позајмица во Јуве, но беше во сенка на Кјелини и Бонучи.
Микеле Пациенца беше во Наполи од 2008-ма до 2011-та. Потоа одигра една сезона во Јуве.