Фудбалер на Манчестер славеше гол како Роналдо пред Кристијано

Данска имаше пенал против Португалија но оној кој го заработи, Кристијан Ериксен го промаши односно португалскиот голман Диого Кошта му го одбрани. Но Данците во вториот дел постигнаа гол, преку играчот на Манчестер Јунајтед Расмус Хојлунд за конечна победа 1:0. Хојлунд го прослави со фамозното „сиииииииууу“ на Кристијано Роналдо пред него.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

„Тоа беше за мојот идол. Не беше зафркавање или нешто слично, Роналдо имаше големо влијание врз мене и мојата кариера. Се сеќавам на гол од слободен удар на еден натпревар во 2011-та година кој го гледав во живо и оттогаш сум негов голем навивач. Можеби е малку невообичаено, но за мене е огромна работа да дадам гол против него и португалската селекција“, рекол Хојлунд кој игра во клубот во кој се прослави Кристијано Роналдо.

 

21 март 2025 - 10:55