Скопје го преживе земјотресот, но ФК Вардар, душата на градот, тешко дека ќе ја преживее есента!
ФК Вардар оставен никому - родителите (Град Скопје) не го сакаат, мислат дека е ``копилe`` на друга фамилија, притоа не знаејки дека тој е нивното највредно чедо, чедо со кои треба да се горди кога ќе излезат да прошетаат по европските метрополи.
Град Скопје има 49% акции во ФК Вардар и затоа како прав домаќини треба да се грижи за својот имот и да не дозволи тој да стане безвреден (финансиски).
Ситуацијата е тешка, мнозинскиот акционер побегна и го остави во долгови, Град Скопје како втор најголем акционер, треба финансиски да улета, додека не дојде некој маж да го спаси.
Вака би одело спасувањето:
1. Град Скопје со буџетот за следната година треба да обезбеди средства за функционирање на ФК Вардар, исто како што тоа го прави и за другите АД во кои градот е акционер. Се тоа треба да биде на посебна сметка и настрана од сегашниот долг. Од оваа сметка ќе се обезбеди нормално функционирање (плати и режиски трошоци) за сезоната 20/21.
2. Градот треба под итно да постави нова управа на која ќе и се каже колку средства ќе има ФК Вардар на располагање, па со тие средства да се направи екипа и да се почне со подготовки за одбрана на титулата бидејќи првенството започнува за дваесетина дена а ФК Вардар е шампион.
3. На овој начин ФК Вардар ќе преживее и ќе има поголеми шанси да се најде сериозен инвеститор кој повторно ќе го однесе во Европа.
П.С. Во врска со муабетот дека другите екипи би се бунеле (МЃП, Шкупи, Работнички, МЗТ, Пролет, итн. )- не држи вода бидејќи сите тие маалски екипи земаат пари од своите општини, а ФК Вардар е најголемиот спортски клуб во Македонија и Градот Скопје е акционер со 49% акции. Тој треба да се грижи за нив исто како и со гордоста на своите граѓани.