Финалето за ЕП 2020 Македонија ќе го игра во Грузија или Белорусија

Немавме среќа во Нион. Ако во полуфинале го совлада Косово, македонската фудбалска репрезентација последната пречка за европско нема да може да ја мине дома.

Денешната ждрепка во Нион не пресуди во наша корист како што посакувавме, а тоа значи дека Македонија ако го мине полуфиналето, нема да биде домаќин и на финалниот натпревар од Д визијата во Лига на нации.

За вториот и полесен пат до европското првенство кое во јуни догодина прв пат ќе се игра во 12 земји, најпрвин ќе се бориме на домашен терен со Косово, а потоа ако го победиме ќе патуваме кај подобриот од дуелот Белорусија – Грузија.

Полуфиналето против Косово ќе го играме на 26 март на домашен терен, а финалето на 31 март.

Селектор на Македонија, Игор Ангеловски изјави:

„Ждребката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари".

ЛИГА Д

26 март
Полуфинале 1: Грузија – Белорусија
Полуфинале 2: Македонија – Косово

Финале на 31 март кај победникот од полуфинале 1.

ЛИГА Ц

Полуфинале 1: Шкотска – Израел
Полуфинале 2: Норвешка - Србија

ЛИГА Б

Полуфинале 1: БиХ – С. Ирска
Полуфинале 2: Словачка – Р. Ирска

ЛИГА А

Полуфинале 1: Исланд – Романија
Полуфинале 2: Бугарија - Романија

22 ноември 2019 - 12:24