Најголемиот синдикат на фудбалери со овој предлог практично сака да направи револуција во најважната споредна работа во светот. Тие сметаат дека фудбалерите треба да бидат слободни агенти кои би можеле да го напуштат својот тим без обештетување со претходна најава од три месеци, а тоа го поткрепуваат со законите за слобода на движење за секој работник во Европа.
„Ако клубот сака да се ослободи од некој играч додека е под договорот, тие треба да му ја исплатат целата плата до крајот на договорот. Потоа од таа сума треба да се одбива платата која ќе ја добие од новиот клуб. На тој начин клубовите не треба да платат ниту едно евро. Во обратните случаи играчите кога ги напуштаат клубовите плаќаат нереални казни“, вели претседателот на ФИФПро Леонардо Гросо.
На овој предлот на синдикатите кој никако не им оди во прилог на клубовите кои тргуваат и печалат од овој бизнис, прва со контра реплика се јави Европската асоцијација на клубови каде членуваат 214 екипи од стариот континент.
Слободата на движење на фудбалерите тие ја поткрепуваат со едно истражување кое покажува дека дури 73% од трансферите на европските клубови се без обештетување, 14% се со позајмици, а 13% со пари.
На неодамнешното нивно собрание тие обелоденија дека за 2011/2012 и 2012/2013 во цел свет се направени 14,322 трансфери во вредност од 5,1 милијарда евра. 66% од нив или 9.511 трансфер се извршени во Европа за кои клубовите купиле играчи во вредност од 4 милијарди евра.
Овие бројки кои се однесуваат само на претходните две сезони, се доволен показател дека не може да пројде чудната идеја на ФИФПро која целосно би го пореметила фудбалскиот бизнис на пазарот за трансфери.