Италија поведе 1-0 со голот на центарфорот на Интер Пио Еспозито. Во вториот дел Норвежаните направија страшен пресврт и предводени од Халанд победија 1-4.
Италија изгуби домашен натпревар со најмалку 3 гола разлика само за втор пат во историјата откако изгубила и 0-3 од Шведска во 1983-та. Италија не примила дома 4 уште од 1955-та година кога Југославија им дала 4 гола на пријателска средба. Ова е и 1 пораз на Италија дома во квалификации за Светско првенство.
Пред овој натпревар во Милано, математички Италија требаше да ја совлада Норвешка 9:0 за да има подобра гол разлика од неа на првото место и да оди директно на Светско првенство. Но тоа беше во доменот на научна фантастика.
Не само што не победија толку, туку изгубија 1-4:
Од 63-та минута гостите израмнија преку Антонио Нуса, во 78-ма Ерлинг Халанд стрелаше на асистенција на Оскар Боб, а после пар минути го дадоа и третиот: Халанд додаде а реализираше Мортен Торсби. На крај Јорген Ларсен во 90+4' ги постави конечните 1:4.

Норвешка на првиот дуел со Италија во групата славеше 3-0 во Осло а групната фаза ја заврши со гол разлика 37:5.
Норвежаните во голем стил одат на Светско првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.