„Ни правеа некои ритуали, магии, нешто како да имаше околу нас на пеналите“

ДР Конго и Нигерија одиграа натпревар кој го одлучи патникот во меѓуконтиненталниот бараж за Светско првенство. По нерешениот резултат 1-1 во основното време и продолженијата, се премина на пенали а таму домаќинот ДР Конго славеше 4:3. Селекторот на Нигерија Ерик Шелие изнел чудни обвинувања на сметки на Конгоанците.

Нигерија прва поведе уште во 3-та минута со гол на Франк Оњека. ДР Конго израмни во 32' минута преку Мешак Елија. До крајот немаше промена па се шутираа пенали.

Последниот, победничкиот пенал за ДР Конго го извел Шансел Мбемба. По неговиот гол на стадионот настанала ерупција! Илјадници Конгоанци еуфорично славеле пласман на Светско првенство!

Селекторот на Нигерија Ерик Шел се залетал кон домашната клупа и едвај го спречиле да не се степа со ривалските тренери и играчи.

После натпреварот селекторот на Нигерија рекол дека играчите на ДР Конго „за време на сите пенали правеле Марабут“ (магиски ритуал за поврзување со гатачите“ и дека видел играчи кои се однесуваат како „да наведуваат енергија кон топката“.

„Видов десетина нивни навивачи како прават неартикулирани движења, стварно чудни, некогаш и застрашувачки. Тоа не изгледаше како навивање, туку како дел од иста работа која се случуваше и на теренот. Не сум суеверен човек но вечерва првпат се чувствував како да играме а нешто како да име околу нас, нешто што не ни сака добро“, рекол селекторот на Нигерија Ерик Шел.

Од познатите фудбалери ДР Конго во својот состав ги има: Арон Ван Бисака, Артур Масуако, Аксел Туанзебе, Шансел Мбемба, Седрик Бакамбу, Јаон Виса итн.... Тие уште не се на Светско првенство 2026 туку ќе играат во меѓуконтинентален бараж кој во март ќе се игра во Мексико, а каде ќе настапат селекции од неколку континенти и ќе играат полуфинале и финале.

Нигерија пак од друга страна тоне во втора квалификациска катастрофа. По поразот од Гана во баражот за Светско првенство во Катар 2022, сега со најголемите ѕвезди Виктор Осимен, Адемола Лукман, Вилфред Ндиди, Алекс Ивоби, Самуел Чуквуезе повторно ќе пропушти Светско првенство.

17 ноември 2025 - 11:04