Наводно првиот човек на фудбалската федерација на Канада Мехди Таџ бил „прогласен за соработник“ на Иранската револуционерна Гарда со која „имал тесни врски“ а таа организација е прогласена за терористичка во Канада и САД.
„Ќе кажам дека нашата позиција со Иран, од дипломатска гледна точка е дека немаме никакви дипломатски односи со Иран. Немаме дипломатски однос со Иран повеќе од 10 години“, рекла министерката.
Првиот човек на Иранската фудбалска федерација Мехди Таџ изјавил дека одлуката да си одат дома веднаш само што слетале во Канада била лично негова поради лошиот третман од официјалните лица за имиграција.
Од ФИФА соопштија (генералниот секретар Матиас Графстром) дека жалат за инцидентот и дека се надеваат дека луѓето од Иранската фудбалска федерација ќе бидат во Цирих на 20-ти мај на последната генерална подготовка за Светското првенство.
Џани Инфантино претходно изјави дека тој лично очекува Иран да игра и дека ќе игра на Мундијалот а истото го повтори и претседателот на САД Доналд Трамп.
„Ни требаат гаранции таму, за нашиот пат, дека немаат право да ги навредуваат симболите на нашиот систем. Ова е нешто на што мора да обрнат сериозно внимание. Ако има гарант и одговроност тогаш инциденти како овој што се случи во Канада нема да се случи повторно“, рекол Мехди Таџ во изјава за државната телевизија на Исламската Република Иран.
На ждрепката во ФИФА на Иран му се паднаа во група Нов Зеланд (15-ти јуни во Лос Анџелес), Белгија (21-ви јуни во Лос Анџелес) и Египет (26-ти јуни во Сиетл).
Во меѓувреме Иранците побараа од ФИФА нивните натпревари да ги играат во Мексико наместо во САД.
„Ние ќе одиме на Светско првенство за кое се квалификувавме, а наш домаќин е ФИФА а не господин Трамп или Америка.
Ако прифатат да не примат, тогаш мора и да прифатат да не ги навредуваат нашите воени институции на кој било начин. Зошто ако го сторат тоа, тогаш природно ќе се случи некоја ситуација каква што се случи во Канада, каде би можеле исто да се вратиме (дома). Така што мора да има гарант за да можеме мирни да отпатуваме“, рекол Таџ.