Фаџоли од Јувентус може да добие тригодишна казна поради кладење

Според пишувањата на Газета дело Спорт, фудбалерот од среден ред на Јувентус, талентираниот Николо Фаџоли е предмет на истрага во италијанскиот фудбал поради наводно обложување.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Фудбалерот на Јувентус и повремен репрезентативец на Италија се обложувал на разни обложувачки платформи. Полицијата му влегла во трага на фудбалерот во рамки на истрагата по обвинението на судот во Торино во однос на обложувачки компании кои работат на интернет.

По трансакции и уплати меѓу клиентите го уловиле и фудбалерот на Јувентус.

Фудбалската федерација на Италија (FIGC) е во тек со ситуацијата од 30 август. Со адвокатите на играчот исто така се во контакт а тие се во комуникација со обвинителството.

Во Италија спортисти можат да се обложуваат но законски не во својот спорт а уште еден важен услов е дека е забрането да се клади на нелегални платформи.

Главна е статијата 24 од Спортскиот кодекс.

ШТО ОВА ЗНАЧИ ЗА ФУДБАЛЕРОТ НА ЈУВЕНТУС?

Прво треба судот да докаже дали Фаџоли се кладел. Второ на чие име, дали на негово или на туѓо и во колкав обем. Дали се кладел на фудбал и дали се кладел посебно на Јувентус. Ако судот го докаже тоа, на младиот талент му се заканува суспензија од три години! И парична казна од повеќе од 25.000 евра.

Ако кладбите биле на друг вид спорт, тогаш ситуацијата по него ќе биде полесна зошто тој фигурира како обичен обложувач а не како организатор на нелегални кладби.

Ако се утврди дека играл на други спортови, тогаш тој ќе може да склучи зделка со судот и да остане само на парична казна, пишува Газета дело Спорт.

22-годишниот играч на Јувентус сезонава стана еден од поважните играчи во тимот кај Макс Алегри. Лани дебитираше и за Италија и важи за еден од играчите кои треба да ја носат репрезентацијата во иднина.

ШТО Е ТОА ШТО ГО ПРОГОНУВА ЈУВЕНТУС?

Најтрофејниот италијански шампион последните неколку години никако да излезе од управувачка и играчка криза.

Управата на Јувентус пред неколку месеци беше обвинета за финансиски махинации и тоа по четири точки. Името на предметот беше „Призма“ а на крајот беа суспендирани претседателот Ањели, спортскиот директор и други раководни лица кои правеле малверзации. Јувентус остана и без 10 бода и падна во Лига Конференции наместо во Лига на шампиони, за да после тоа со УЕФА се нагоди да не играат во еврокупот а да им биде тргната суспензијата.

Бјанконерите сезонава се натпреваруваат само во Серија А и Куп на Италија.

12 октомври 2023 - 08:50