Епа во Јужна Америка го нема тој од обезбедување

Лионел Меси на 36 години уште игра фудбал неверојатно добро и мотивирано. Аргентина славеше 0-2 на тешкото гостување во Перу а двата гола ги даде кој друг ако не мајсторот кој стигна до 31 погодок во квалификациите во Јужна Америка и стана нов рекордер. И во Лима го сакаат како божество, па и таму едно дете втрча во терен да го допре и гушне.

Интересно Меси во САД има човек во лично обезбедување кој буквално пешачи покрај аут-линијата и само чека некој натрапник кон Меси за да го улови.

Во Јужна Америка кога Лео игра за репрезентација го нема тој поранешниот маринец:

Меси даде два гола и им го испи мозокот на двајца наеднаш

 Уругвај го победи Бразил после 22 години

18 октомври 2023 - 10:49