Џејмс Милнер го надмина Рајан Гигс на вечната листа

Некогашниот англиски репрезентативец, 38-годишниот Џејмс Милнер уште игра на највисоко ниво, во Премиер лига, за одличниот Брајтон. На мечот во понеделникот вечер против Вулверхемптон, Милнер се искачи на високото второ место на вечната листа во Премиер лига.

Џејмс Милнер забележа 633 настапи во најдобрата англиска лига и го помина Рајан Гигс кој досега беше втор со 632 настапи.

Прв и натаму е Гарет Бери кој е рекордер со 653 настапи во Премиер лига за Астон Вила, Манчестер Сити, Евертон и Вест Бромвич Албион. Бери има 42 години а кариерата ја заврши во 2020-та.

На Милнер сега му требаат уште 20 меча да го израмни апсолутниот рекорд на Бери.  Покрај Бери (653 настапи во Премиер лига), Милнер (633) и Гигс (632), на оваа листа се уште и Франк Лампард со 609 меча во најдобрата лига, голманот Џејмс со 572 меча, Гери Спид со 535, Емил Хески со 516, Шварцер со 514 и Џејми Карагер со 508.

Големиот борец Џејмс Милнер дебитираше за Лидс Јунајтед во ноември 2002 година на возраст од 16 години и 309 дена. Тој е вториот најмлад дебитант во историјата на Премиер лига.

Во елитното друштво играл против дури 43 клуба. Најмалку, само еднаш играл против Лутон Таун. Интересно, против Милнер на теренот дури 21 пат се сретнале само двајца играчи: Патрис Евра и Гери Кејхил.

Некогашниот капитен на Ливерпул парадоксално не е ниту во Топ5 кога се гледаат играчи со најмногу временски одиграни натпревари. Тој одиграл 33.000 минути фудбал и во просек на терен бил по 52 минути. Кајл Вокер пример има 32.000 минути од 383 меча во Премиер лига.

До крајот од сезоната Милнер нема да може да го стигне Бери затоа што останаа помалку од 20 кола до крај на Премиер лига, а неговиот договор истекува во јуни иако има опција да се продолжи на уште една година до следната година. Самиот Џејмс има мотивација да одигра уште една сезона.

Против Челси играл најмногу: дури 37 пати. Втора екипа против која најмногу настапувал бил Манчестер Јунајтед (35 меча), Тотенхем (33), Евертон (32), Вест Хем (32), Арсенал (31), Манчестер Сити (28), Ливерпул (23), Фулам (22), Њукасл (22).

За целата историја во Премиер лига заиграле 4.776 играчи а Џејмс Милнер верувале или не играл против 2.277 од нив!

24 јануари 2024 - 12:18