Два нови гола на Миовски, Ренџерс во поход по титулата

Фудбалерите на Ренџерс направија голем пресврт откако губеа 2-1 кај Фалкирк на гости а на крај славеа со несекојдневен резултат 3-6. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој влезе на старт на вториот дел како резерва од клупата, постигна два гола, во 58-ма минута и во 89-та.

Со овие два гола Бојан Миовски сега има вкупно 12 погодоци сезонава во сите натпреварувања а седум во шкотскиот Премиершип.

Standings provided by Sofascore
13 април 2026 - 08:41