Доживејте го FIFA CLUB WORLD CUP 2025™ во најдобро издание – дома со Hisense!

Летото е веќе тука. И е доста жешко! Освен фактот што прогнозерите официјално го потврдија, ќе биде уште пожешко како што фудбалската треска во Америка се ближи кон крајот! Сите ќе го гледаме финалето на првото Светско клупско првенство, но само малкумина ќе можат да го направат тоа на вистински начин - оние кои ќе се подготват на време за да уживаат во најважниот спореден настан во светот!

Сепак, добрата вест е дека зборуваме за долгорочна инвестиција во поудобен и поквалитетен живот. Со петгодишна гаранција и економични и одржливи апарати. 

Оваа година, Hisense е горд спонзор на FIFA Club World Cup 2025™. За да го исполни ова, компанијата подготви одлична понуда на апарати до 14 јули, за да бидете подготвени за најважните моменти.

Набавете си Hisense телевизор со 4K резолуција и специјално оптимизиран режим за спорт. Заедно со останатите подобрувања на сликата и екранот, тие ќе ви донесат искуство како да сте на стадион додека го гледате финалето. По промотивни цени, можете да одберете и Hisense клима уред кој ја одржува идеалната температура во жешките фудбалски моменти. Секако, Hisense фрижидерот ќе се погрижи храната и пијалоците за натпреварите да бидат совршено свежи.

Hisense телевизори

Без разлика дали ќе гледате сами или во друштво - Hisense ќе ви овозможи да ги гледате преносите од натпреварите на најдобар начин, како да сте на стадион. Покрај тоа што ќе ги гледате сите натпревари бесплатно онлајн, преку апликацијата DAZN, на вашиот Hisense телевизор можете да ја изберете и дијагоналата на стадионот дома. Понудата вклучува модели од 55 до дури 100 инчи, во категориите QLED Smart и Mini-LED Smart.  

Покрај тоа што квалитетот на сликата е специјално прилагоден за уживање во спортот, овие телевизори се одличен избор и за гледање филмови и играње игри поради високата стапка на освежување на содржината на екранот. Одредени модели го имаат Hi-View Engine чипсетот и прилагодување на сликата со вештачка интелигенција во реално време, што значи дека телевизорот автоматски се прилагодува на она што го гледате. За да го доживеете секој кадар или фудбалски момент на вистински начин, звукот ќе ви помогне, секако! Hisense телевизорите поддржуваат Dolby Atmos за подобрување на звукот, како и Dolby Vision за подобрување на сликата.

Hisense клима уреди 

Кога навивачката атмосфера ќе се загрее, време е Hisense клима уредите да се погрижат таа да биде оптимална! Со своите инвертер мотори, кои се паметни и енергетски ефикасни (енергетска класа до A+++), клима уредите од сериите Energy Pro Plus и Energy Pro X ќе ја направат температурата идеална за навивање и уживање во гледањето. Воздухот ќе биде свеж, чист, без бактерии и вируси.

Благодарение на сензорите и алгоритмите со вештачка интелигенција, Hisense клима уредите ќе овозможат дистрибуцијата на воздухот да не пречи никому, а нивното тивко работење нема да ги вознемирува навивачите. Ќе го почувствувате освежувањето, но нема да го чуете како доаѓа. А кога ќе завршат навивањето и летото, подготвени сте за есен и постудени денови, бидејќи овие клима уреди можат да се користат кога надвор е до -24 степени, а воедно ја штитат надворешната единица од замрзнување.

Hisense фрижидери 

Без разлика дали ви е потребен помал, Cross-Door или Sidy-by-Side, Hisense ги нуди сите опции на фрижидери. Дури и ако купувате пијалоци и храна непосредно пред натпреварот, Hisense ве покрива со својот Super Cool режим на ладење. Ако сте испланирале сè на време - тоа е можно, бидејќи Hisense фрижидерите нудат технологии кои ја зачувуваат свежината и ја одржуваат оптимална за различни видови намирници. 

Постојат модели со диспензери за вода, па дури и екран на вратата, така што можете да испланирате сè без дури и да ја отворите вратата на фрижидерот. Ако во жештината на навивањето заборавите да ја затворите вратата - не грижете се, фрижидерот дискретно ќе ве потсети. Со звук или преку ConnectLife апликацијата, која е достапна на одредени модели и која овозможува вмрежување на Hisense апаратите и нивно попаметно користење.

„Own the moment“ кампања  

Hisense ја започна кампањата „Own the moment“, во која се вели дека искуствата за време на FIFA Club World Cup 2025™ можат да нè зближат и да ни го подобрат секојдневниот живот. Како официјален партнер на летниот фудбалски спектакл, кампањата на Hisense ја одразува нејзината посветеност на иновациите, технологијата и шампионскиот дух.

Hisense долго време го слави фудбалот како најубава игра. Покрај тоа што е официјален партнер на FIFA Club World Cup 2025™, брендот е глобален партнер на две последователни FIFA Светски првенства™ и три UEFA Европски првенства. Соработката со FIFA организацијата континуирано ја потврдува посветеноста на Hisense на дизајнот и производството на напредни апарати за домаќинство и технологии кои навистина го менуваат секојдневниот живот на корисниците.

Според обемот на испораки во 2024 година, Hisense е втор производител на телевизори во светот и глобален број еден во сегментот на телевизори од 100 инчи. Компанијата работи во повеќе од 160 земји.

За Hisense
Hisense е еден од водечките светски брендови на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство. Портфолиото на компанијата комбинира мултимедијални уреди со фокус на паметни телевизори, апарати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Hisense работи во повеќе од 160 земји низ светот и постигнува исклучително динамичен раст во индустријата.

(Комерцијален текст)

 

11 јули 2025 - 08:31