Дома си е дома ќе речат колумбиските ветерани

После 16 кола од новата сезона во фудбалската лига на Колумбија, екипата на Жуниор за која играат легендарните ветерани Карлос Бака и Луис Муриел е на 3. место со 28 бода. Изминатиов викенд во саботата победиле 0-3 против Рионегро Агулиас а Бака и Муриел дале по еден гол. Двајцата заедно имаат вкупно 73 години.

Муриел веќе има 8 гола на 16 меча сезонава а Карлос Бака кој играше за Милан, Севиља, Виљареал, Клуб Бриж, има 1 гол на 3 средби. Сега ги чека и Копа Либертадорес.

14 април 2026 - 12:14