Динамит на Хулк од слободен удар

Во дербито на 18. коло од бразилската Серија А, Атлетико Минеиро на гости го доби Сао Пауло со 0-2. Првиот гол беше дело на ветеранот Хулк кој и на 37 години уште распалува.

Триумфот на Атлетико на гости го запечати Кристијан Павон со гол од пенал во 69’ минута. Атлетико ја оствари 6-та победа во 18 натпревари од бразилската Серија А и во моментов е 10-ти на табела со дури 20 бода негатива зад лидерот Ботафого.

7 август 2023 - 10:15