Дете на Вардар, на Шчесни му го даде најјакото голчиште во квалификациите
Селекцијата на Албанија е во транс и по сензацијата над Полска од 2:0 е прв во својата квалификациска група за ЕП 2024. Погледнете го какво ремек дело му приреди, Јасир Асани на голманот на Јувентус. Страшен удар.
Инаку 28 годишниот Асани кој игра во Јужна Кореја е дел од школата на Вардар (2010-2014), од каде влезе во прв тим и играше три и пол сезони во кои имаше 70 настапи и 18 голови.
Албанија е засега големо изненадување во Е групата.