
Како најсериозен па слободно може да се каже и најсигурен кандидат за наследник на Анчелоти на клупата на Реал Мадрид е Чаби Алонсо. Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Баерн Минхен и Реал Мадрид направи сензационални резултати со Баер Леверкузен и стекна репутација на сериозен стручњак.
Но сега водителот на шпанското спортско Радио Марка, Раул Варела вели дека близок соработник и десна рака на Флорентино Перез од Мароко, би сакал да го види Клоп место Анчелоти.
„Зборуваме за ликот на Анас Лаграри, марокански инвеститор кој работи во швајцарскиот банкарски сектор и се јавува како главен поддржувач на Флорентино Перез во проектот Суперлига (против УЕФА).
Тој е голем љубител на Јирген Клоп и имено тој во последниве недели, би кажал и месеци, му предложувал на Реал Мадрид да размисли за Јирген Клоп кој го напушти Ливерпул од многу добра причина - на врвот на успехот, излезе од излезна врата и дури му даде благослов на својот наследник.
Она што јас можам да го кажам во дадениов момент, Анчелоти сака да остане во Реал. Анчелоти би бил многу среќен да ја доработи таа уште една година од договорот со Реал.
Мислам дека Анчелоти веќе одлучил, веќе решил што ќе прави ако не остане во Реал. Таа одлука, без разлика на противењето на дел од неговото опкружување, нему лично професионално го интересира да стане селектор на Бразил.
Повторувам: тој тоа би го сакал ако не остане во Реал.
Не знам точно што треба да се случи за Анчелоти да не биде веќе тренер на Реал Мадрид. Не сум сигурен дека ако го освои Купот ќе остане, ако ја освои титулата во првенство ќе остане и ако ги изгуби обете титули ќе замине до, после, на време... Не знам точно.
Тоа што него најмногу го загрижува и што му е сега важно е кога ќе дојде време да си оди, тоа да биде со сите можни почести кои ги заслужува.
Би сакал, например, како што спомнавме за Клоп, таков крај како Клоп што имаше во Ливерпул: со полн стадион, со почесен круг, со овации, со песната You''ll Never Walk Alone, со почит... Со нешто повеќе од твит кој вели: „Ти благодариме, ариведерчи, ти си еден од нас“.
И натаму сметам дека, ако Анчелоти ја освоеше Лига на шампиони годинава, мислам дека ќе заминеше од Реал по сопствена воља“, вели Варела во емисија на Радио Марка.