Македонскиот репрезентативец Мухамед Демири остана на клупата за резервни играчи и не настапи на дуелот против Кубан на кој фудбалерите на Сент Гален славеа со 2:0 пред своја публика.
Највисоки победи во воведното коло од фазата по групи во Лига Европа остварија Салзбург против Елфсборг и Виторија Гимараеш со по 4:0, сигурни беа и фаворитите Тотенхем и Фоирентина, а најефикасно беше на средбата во Словенија каде Марибор прими дури пет парчиња од тимот на Рубин Казан.
Непријатно беа изненадени екипите на ПСВ и Валенсија кои не ги остварија планираните 3 бода, а екипата на Черноморец и покрај негативата од 1:0, направи целосен пресврт на „Максимир" и триумфираше над Динамо Загреб со 2:1.
Група А
Валенсија – Свонси 0:3
Сент Гален – Кубан 2:0
Група Б
Динамо Загреб – Черноморец 1:2, ПСВ – Лудогорец 0:2
Група Ц
Салзбург – Елфсборг 4:0, Стандарт – Есбјерг 1:2
Група Д
Марибор – Рубин Казан 2:5, Зулте – Виган 0:0
Група Е
Фиорентина – Пакос Фереира 3:0
Пандурии – Днипро 0:1
Група Ф
Ајнтрахт Франкфурт – Бордo 3:0, Макаби Тел Авив – Апоел Никозија 0:0
Група Г
Динамо Киев –Генк 0:1, Тун – Рапид Виена 1:0
Група Х
Есторил – Севиља 1:2, Фрајбург – Либерец 2:2
Група И
Бетис – Лион 0:0, Виторија Гимараеш – Ријека 4:0
Група Ј
Лацио – Легија Варшава 1:0
Аполон Лимасол – Трабзонспорт 1:2
Група К
Тотенхем – Тромсо 3:0
Шериф – Анжи 0:0
Група Л
Макаби Хаифа – Аз Алкмар 0:1, Паок – Шахтер Караганда 2:1