Дани Алвеш - човекот со ДНК на победник

По освоениот Куп на Италија и прославеното Скудето во Серија А, десниот бек на Јувентус стигна до бројката од 33 освоени трофеи.

Бразилскиот репрезентативец го дели третото место со Златан Ибрахимовиќ на листата најтрофејни фудбалери во историјата.

Првото место го држи бекот на ПСЖ Максвел кој синоќа го освои 37-от пехар во кариерата откако со ПСЖ славеше во финалето на францускиот Куп. Втор е легендарниот Рајан Гигс со 36 пехари.

Трофеите на Дани Алвеш во кариерата:

СЕВИЉА

Копа дел Реј (1): 2006/2007
Супер Куп на Шпанија (1): 2007
Куп на УЕФА (2): 2005/2006, 2006/2007
Супер Куп на УЕФА (1): 2006

Вкупно: 5 трофеи

БАРСЕЛОНА

Шампион на Шпанија (6): 2008/2009, 2009/2010, 2010/2011, 2012/2013, 2014/2015, 2015/2016

Копа дел Реј (4): 2008/2009, 2011/2012, 2014/2015, 2015/2016

Супер Куп на Шпанија (4): 2009, 2010, 2011, 2013

Лига на шампиони УЕФА (3) 2008/2009, 2010/2011, 2014/2015

Супер Куп на УЕФА (3): 2009, 2011, 2015

Светско клупско првенство (3): 2009, 2011, 2015

Вкупно: 23 пехари

ЈУВЕНТУС

Шампион на Италија (1): 2016/2017

Копа Италија (1): 2016/2017

Лига на шампиони: ? 2016/2017 Ќе игра во финалето против Реал Мадрид.

Вкупно: 2 трофеи

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА БРАЗИЛ

Куп на Конфедерации (2): 2009, 2013.

Копа Америка: 2007.

Вкупно: 3 пехари.

Дани Алвеш одиграл 14 меѓународни финалиња во клупскиот фудбал и загубил само 2 пати:

Приказната за фудбалскиот пат на Дани Алвеш тука.

27 мај 2017 - 15:54