Лампард е избран за тренер на сезоната во Чемпионпиш откако синоќа и математички со Ковентри обезбедија пласман во Премиер лига како први на табелата на неколку кола пред крај.
Ковентри не бил таму во елитата цели 25 години!
Екипата предводена од некогашниот играч и тренер на Челси освои 86 бода сезонава а со бодот освоен против Блекбурн (1:1) во неделата и теоретски обезбедија учество во Премиер лига следната сезона.
Ова е најважен момент во тренерската кариера на 47-годишниот Лампард. Тој ја добил наградата за тренер на сезоната ден после натпреварот со Блекбурн (1:1).
„Многу бев емотивен синоќа зошто во тој момент ми падна товар после она што го постигнавме. Клубот во кој првпат влегов пред 16 месеци и кој имаше подеми и падови, а фудбалот е таков, за луѓето и секогаш за навивачите и ми недостигаше.
Мора да му заблагодарите на Марк Робинс за тоа што го стори за клубот, за сопственикот Даг Кинг и да го цените моментот. Јас работам со одлична група играчи. Кога доаѓаш во таква група забораваш на фудбалскиот талент кој е секако важен но кога тие се држат себеси, кога тренираат добро, кога се поддржуваат, се смеат, тоа е злато вредно. Неверојатна приказна и пресреќен сум што сум дел од неа“, вели Лампард.
Тој во 2023-та беше в.д. тренер на Челси, немаше голем успех. Многумина сомневаа во неговите тренерски способности, некои тврдеа дека тешко тој пак да води некоја екипа. А Франк Лампард одбра тежок проект во најтешката лига Чемпионшип за да покаже дека поседува тактичко-технички способност и лидерски квалитети надвор од „Големата шестка на англискиот фудбал“.