
Чудната и необјаснива случка ни доаѓа од натпреварот во канадската премиер лига помеѓу Валор и Халифакс Вондерерс.
Во 17 минута домаќините се речиси во водство, но фудбалерот по име Вилијам Акио ја шутна топката во моментот, кога таа требаше да влезе гол.
Соиграчите истовремено се чудеа и бараа голот да биде признат, но проблемот беше што таа не ја мина гол линијата во целост.
Во неверување беа и коментаторите, што е и логично со оглед на тоа што на никој не му е јасно, што всушност сакаше да постигне Акио.
Тој беше на некој начин поштеден од долготраен срам, бидејќи прво го извадија од игра, а потоа Даер постигна гол за победа во 84 минута.
Уште два коментари покрај оној со апсењето.