Таг: канадска лига

Нов гол со помош на новото правило на Венгер

Во Канада сезонава се тестира правилото кое го предложи Арсен Венгер, како директор на ФИФА за глобален развој на фудбалот. Тоа значи дека играчот може да штрчи напред сè додека е во линија со својот чувар. Офсајд е само ако му избега напред комплет со цело тело. Во случајов го спаси стапалото.

Во меѓувреме одиме во Канада

За убав гол понекогаш не се потребни идеални услови за игра.

Чекај, местена е или?

Канадскиот прволигашки фудбал ги надмина сите нелогични потези во фудбалот. Ова е нешто кое заслужува посебна анализа. Еден од коментарите на Твитер гласи вака: Уапсете го.

Фудбалската историја веројатно не памети ваква надреална сцена на гол линија

Сакавме да го крстиме како најголемо промашување во историјата на фудбалот, ама не сме скроз сигурни што е поентава. Се работи за натпревар во Канада меѓу Валур и Халифакс Вондерерс. На ѕидот на срамот вечно закован ќе остане Вилијам Акио.

Канада нема видено ваков дриблинг во историја

Ако барате да го видите голот на колото, прескокнете го европскиот фудбал. Авторот на ремек делото број 1 за овој викенд е Шон Реа, роден 2002-ра, кој игра за Валор. Екстра бонус на платата се добива за ваква велемајсторија.

Ни крив ни должен остана без лице

Едниот имаше најдобра намера, да расчисти во опасна зона каде нема место за ризик. Вториот па е уште помалку крив и плус доби болка која не ја заслужи. Некои несреќни голови како овој во Канада едноставно не се повторуваат. 

Кратка хокеј тепачка

На мечот од канадската западна хокеарска лига WHL меѓу Едмонтон Оил Кингс и Свифт Карент Бронкос немаше резултатска неизвесност (0-8), но имаше нешто друго.