Тотенхем и Норич одиграа 1-1 во 1/8 финалето на ФА Купот, па се прејде на пенали. А таму на шишенцето со вода, Тим Крул си ги напишал имињата на фудбалерите на Тотенхем и инструкција како обично шутираат пенали.
Им ги фати пеналите на Трој Перот и Жедсон Фернандеш и го однесе Норич во 1/4 финале каде на домашен терен ќе го пречекаат или Дерби Каунти или Манчестер Јунајтед. Да не заборавиме, Норич е убедливо последен во англиската Премиер лига.
Околу 9.000 навивачи на „канаринците“ кои допатуваа на новиот стадион на Тотенхем беа пресреќни што нивниот тим оди во големото четвртфинале.
„Кога ова ќе се случи, сфаќаш зошто си го направил. Како мал сакаш да браниш пенали и твојот клуб да оди во следна рунда. Многу силни емоции денес. Бев толку близу да го фатам првиот, ама со мојот тренер секогаш пишуваме домашна задача. Ги имам на шишето. Мислам дека еден играч само згрешив, ама се случува секогаш на пенали, има нервоза и адреналин. На какво место успеавме и каква радост за 9.000 наши навивачи во среда овде вечерта“.
Еве како им ги ловеше пеналите:
Во 2014 година, за време на Светското првенство во Бразил, на меч од 1/4 финале меѓу Холандија и Костарика, Ван Гал во 119’ минута од продолженијата го стави Крул наместо Јаспер Силесен а овој фати неколку пенали и ја однесе својата селекција во полуфинале.
Тим Крул во октомври лани одбрани два пенали на ист меч против Манчестер Јунајтед
Како се прослави на Светско првенство 2014 иако беше резервен голман
По крајот од мечот Ерик Даер од Тотенхем се спречка со свои навивачи