Тотенхем синоќа утна три од вкупно пет пенали и со 2:3 после оние 1:1 во регуларниот дел се прости од годинашното издание во ФА Купот.
По мечот на една од трибините на стадионот на домаќините се случи една скроз неочекувана и нетипичина ситуација, особено за англискиот фудбал каде сè е регулирано со строги казни.
Ерик Дајер, кој инаку има 40 настапи за репрезентација ја шокираше публиката откако наеднаш се качи на трибина и се исмеша меѓу навивачите за да се пресмета со еден. Што било проблемот?
Фудбалерот на Тотенхем го испоснимаа со мобилни, а на една од снимките се слуша како вика „Тој ми е брат“. Причината за неговиот гнев е тоа што навивач го вреѓал и Дајер и брат му, што нели не е ништо ново за еден фудбалски натпревар.
Full footage of Eric Dier jumping over the stands and going over to confront a fan who was insulting & abusing his brother. Brotherly love, I respect that. pic.twitter.com/5xeSQ8Vj5a
— FutbolBible (@FutbolBible) March 4, 2020
И од друг агол
Мурињо делумно го одбрани
„Мислам дека Дајер направи нешто што ние професионалците не смееме да го правиме, но под тие околности мислам дека секој од нас би постапил така. Кога некој ве пцуе и ви го напаѓа семејството, во случајов помалиот брат, иако не е професионално, секој би постапил така. Ќе повторам дека ние професионалците не смееme така, ама јас сум со играчот и го разбирам. Нема да се согласам со одлуката ако клубот реши да го казни”.
Неговата изјава е на 0:32
Како голманот на Норич ги издрибла пеналџиите на Тотенхем