„Го благословивме теренот и на играчите им дадовме амајлии за среќа. Им ставив некои амајлии околу вратот и им ги дадов овие талисмани од ткаенина“, изјавил монахот за Асошијетед Франс Прес во храмот во Бангкок каде висат и неколку барјаци со грбот на Лестер на средина. Не знам, навистина не сум сигурен дали разбраа додека им објаснував за амајлиите, но знаат дека ќе им донесе среќа“, истакнал монахот.
Настапите сезонава го ставија овој премиерлигаш на одличен пат да го направи најголемото изненадување во фудбалскиот свет во последните неколку децении. Сепак и покрај тоа што во Тајланд Лестер е многу гледан и има прекар „сијамските лисици“, газдата Вичаи не се експонира премногу.
„Ги повика монасите таму да се помолат за успех и среќа во играта, за управата и за играчите“, вели 64-годишниот монах кој во последните три години околу 10 пати патувал во Англија.
Тајланд е мнозински будистичка земја и во нивната култура се верува во моќта на амајлиите коишто носат среќа а привезоците и ланчињата коишто монасите ги благословуваат можат да се најдат на многу места. Тајланѓаните веруваат дека среќата и успехот доаѓаат преку заслуги коишто се добиваат со молтива, труд, жртва, донации и добри дела.
Овие обичаи на почетокот им делувале чудно на луѓето во управата на Лестер, но навивачите и играчите брзо се навикнале да ги гледаат монасите во своите мантии како се шеткаат низ стадионот Кинг Пауер.
„Без разлика што религиите ни се различни, со играчите сме блиски како добри пријатели. Драго им е кога ќе видат како доаѓаат монаси, нè поздравуваат и доаѓаат на церемониите, без разлика што религиите ни се различни. Лестер сигурно ќе биде прв во Премиер лигата годинава", вели Пра Промангкалачан, будистичкиот монах кревајќи еден прст во вис како поздрав.