Хеликоптерот на тајландскиот милијардер Вичај Шривадханапрабха се урнал веднаш по полетувањето од „Кинг Пауер“ стадионот каде газдата редовно слетуваше да го гледа клубот на кој му ја донесе историската титула.
Иако во првите натпревари на Лестер имаше и такви кои не го разликуваа Канте со Конте, сега во овој клуб се знае кој коси и кој вода носи. Токму екипата задолжена за одржување на тревникот ја доби наградата за најдобра во Премиер лигата.
Лестер и натаму љубоморно го чува врвот на Премиер лигата, а нивниот успех збунува многумина во светот на фудбалот, по што еден будистички монах открил една од состојките на фантастичните резултати.