3 - трофеи кои Бенфика ги изгуби во последните минути. Проколнатата екипа од Лисабон ја загуби титулата во Португалија со гол во 92-та минута, загуби од Челси во финалето на Лига Европа со гол во 93-та минута и го загуби финалето на португалскиот Куп со голови во 80-та и 82-ра минута.
5 - трофеи освоени од Баерн Минхен (Бундеслига и германски Куп, Лига на Шампиони, Европски Супер Куп и Светско клупско првенство).
10 - победи во серија на Рома по првите 10 кола во Серија А со што го срушија рекордот на Јувентус.
14 - голови постигнати од Алесандро Дел Пиеро во Австралија. Не го забораваме Алекс ни на другиот крај од светот.
15 - години на клупата на Сан Марино за Џампаоло Маца. Храбриот тренер стави крај на својата авантура со учинок од 1 победа, 2 нерешени и 82 порази.
38 - трофеи освоени од Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед пред да се пензионира во 2013-та по 27 години на оваа клупа.

69 - голови постигнати од Кристијано Роналдо во календарската година. 59 за Реал Мадрид и 10 за Португалија.
100 или 91 - милиони евра кои Реал Мадрид ги плати за Герет Бејл. Најпрвин сите известија за сума од 100 милиони, но подоцна Флорентино Перез изјави дека платил „само" 91.
105 - голови постигнати од Барселона во 2013-та. Или во просек 2,7 по натпревар.
162 - денови ја делат 2013-та до почетокот на Светското првенство во Бразил