Претседателот Де Лаурентис како замена за Мацари вети дека ќе донесе тренер со богато интернационално искуство и уште не седнат на клупата на Наполи, навивачите и градот се опседнати со Шпанскиот стратег.
Сонот на Наполитанците е повторно да го доживеат Скудетото како во времето на Марадона, а за тоа се погрижија пица мајсторите кои веќе го замесија традиционалното италијанско јадење со ликот на Бенитез.
Од пред неколку дена во Неапол освен што можете да купите статуетка од Пандев, Кавани, Хамшик, Канаваро..., во продажба е и сувенир од новиот тренер од кого очекуваат конечно шампионска титула во Неапол.