Басиска гордост за која се живее

Реал Сосиедад на големо го прослави освоениот шампионски пехар во Кралскиот Куп на Шпанија откако синоќа во Сан Себастијан, во центарот Доностија на главниот плоштад дошле играчите во отворен клупски автобус и го покажале пехарот пред педесетина илјади навивачи.

Отворениот автобус со играчи тргнал од стадионот на Реал Сосиедад, „Аноета“ и одел преку неколку булевари до главниот плоштад Сентенарио.

Капитенот Микел Ојарзабал кој беше и стрелец на гол во големото финале, го крена пехарот на општ делириум на присутните:

Вечерта кога Реал Сосиедад го освои пехарот после големиот триумф над Атлетико Мадрид во Сан Себастијан се славело долго во ноќта:

 

21 април 2026 - 09:54