По разочарувачкото реми од 1:1 на домашен терен против Џенова, „Росоњерите“ продолжија со лошите резултати во Серија А, каде се наоѓаат на 11 позиција со заостанување од дури 18 бода зад првопласираната Рома.
Навивачите се бесни, а по вчерашниот натпревар го блокираа стадионот „Сан Сиро“ и бараа објаснување од играчите за лошата игра и слабите резултати на тимот. Прв кој реши да им се обрати е Балотели кој на Твитер напишал статус со скриени пораки.
Италијанските медиуми се прашуваат дали тоа значи крај на надежите за Скудетото или пак можеби крај на неговата кариера во Милан.
По кусо време контроверзниот напаѓач напишал „Како и да е, засекогаш напред Милан“. Но со оваа порака тој не може да ги смири навивачите на Милан затоа што тие бараат одговори за очајните резултати, а од денеска сигурно и објаснување за значењето на првиот твит.