Арсенал ќе се коцка во Монте Карло, Атлетико брка еден гол

Иако седум години го водеше Монако, Арсен Венгер вели дека никогаш не го привлекувале луксузните коцкарници, затоа што времето го поминувал на теренот. Вечерва со Арсенал ќе мора да се коцка затоа што брка два гола негатива. Во Мадрид, Леверкузен доаѓа со гол предност.

МОНАКО - АРСЕНАЛ (20:45)

- „Тоџпиите“ загубија 1:3 пред две недели на својот стадион.
 
- Арсенал ќе се обиде да стане првата екипа во Лигата на шампионите која по домашен пораз од два гола разлика на домашен терен, успеала да се пласира во следната фаза.
 
- Монако на својот стадион Стад Луи Втори нема пораз во Лигата на шампионите од 2005. година.
 
- На последните 22 натпревари, Монако прими само 7 голови.
 
- Поразот од Монако на 25. февруари беше трет во низа за Арсенал на домашен терен во оваа фаза од ЛШ.
 
- Монако ќе игра за своето прво четвртфинале во ЛШ после сезоната 2003/2004, година во која стигнаа дури до финалето каде загубија од Порто на Мурињо.
 
- Монако не пречекал англиски противник од 2004. година, кога го победија Челси 3:1.
 
- Арсенал по 15 пат по ред игра во осминафиналето на ЛШ, а избраниците на Венгер дури четири пати последователно испаѓаа од оваа фаза.
 
- Тимот од северен Лондон никогаш не загубил во Франција и во оваа земја имаат учинок од 7 победи 3 нерешени.
 

Можни состави:
 
МОНАКО - Субашиќ, Туре, Карваљо, Абденур, Курзава, Мутињо, Фабињо, Тулалан, Кондогбија, Дирар, Бербатов.
 

Отсутни: Бакајоко, Ласана Траоре, Раџи (повредени).

АРСЕНАЛ - Оспина, Белерин, Мертезакер, Кошелни, Монреал, Казорла, Кокелан, Волкот, Озил, Санчез, Жиру.

Отсутни: Артета, Дебуши, Диаби, Окслејд-Чембрлејн, Росицки, Вилшер (повредени).

АТЛЕТИКО МАДРИД - БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН (20:45)

- Германците му ја препуштија фаворитската улога на Атлетико, кој ќе игра без двајца стандардни првотимци, Диего Годин и Тиаго Мендеш.

- Во групната фаза од ЛШ, „Јорганџиите" победија на сите три натпревари на домашен терен, со гол разлика 10:0.

- На последните 6 натпревари во сите натпреварувања, Атлетико Мадрид не игра во добра форма и има 3 нерешени, 2 порази и само 1 победа.

- Баер Леверкузен нема пораз на последните 6 средби во сите натпреварувања. „Аспирините" имаат 4 победи и 2 нерешени.

- Баер Леверкузен ќе се обиде да не доживее уште еден дебакл во оваа фаза, затоа што во претходните три години прими вкупно 22 гола во двомечите со ПСЖ, Ливерпул и Барселона.

- Германскиот тим во Шпанија има учинок од 3 победи 2 нерешени и дури 9 порази.

- Атлетико ќе игра за седмо четвртфинале во Лигата на шампионите.

Можни состави:

АТЛЕТИКО МАДРИД - Моја, Хуанфран, Хименез, Миранда, Хесус Гамез, Марио Суарез, Габи, Коке, Арда, Гризман, Манџукиќ.

Отсутни: Годин, Тиаго (суспендирани), Саул Нигуез, Сикера (повредени).

Б. ЛЕВЕРКУЗЕН - Лено, Хилберт, Топрак, Спахиќ, Вендел, Кастро, Бендер, Белараби, Чаланоглу, Сон, Дрмиќ.

Отсутни: Тим Једвај, Крусе (повредени)

Играј ги во Специјална Супер сингл понуда на Типстер.

17 март 2015 - 10:47