
Супер дербито на Јужна Америка или Суперкласико првпат после цели 20 години се играше без најголемите ѕвезди на двете селекции во тој период, Лионел Меси и Нејмар.
На прекрасниот стадион на Ривер Плејт, „Монументал“, Аргентина блескаше во полн сјај, како што му доликува на светски шампион.
По првпат во историјата Аргентина го развали Бразил со 4:1 во квалификации за Мундијал. Со овој триумф „гаучосите“ осигураа пласман на Светско првенство 2026.
Стрелци на головите за избраниците на селекторот Лионел Скалони кои играа без повредениот Меси беа: Хулиан Алварез уште во 4' минута, Енцо Фернандез во 12' минута. Бразил намали на 2-1 преку Матеуш Куња во 26-та минута, но само десет минути подоцна Енцо Фернандез му асистираше на Алексис МекАлистер за 3:1 на полувремето.
Во вториот дел едниот од синовите на Чоло Симеоне, Џулијано Симеоне од Атлетико Мадрид постигна убав гол за конечни 4:1.
После 14 одиграни натпревари во Јужна Америка, Аргентина е убедливо прва со 31 бод (10 победи, 1 нерешена и 3 порази, со гол разлика 26:8).
Еквадор сега е втор со 23 бода, Уругвај е трет со 21 бод колку што имаат уште и Бразил и Парагвај кои се на 4-то, 5-то и 6-то место на табелата. 6 селекции од Јужна Америка ќе се пласираат директно на Светското првенство а 7-мо пласираната ќе игра бараж натпревар.