Антологискиот гол на Шаќири со Англија

Тој 16-ти октомври 2002-ра година долго ќе се памети. Македонија одигра 2-2 во Саутемптон против силната Англија а резултатот го отвори Артим Шаќири со чудесен гол од корнер. Тој меч беше јубилеен 75-ти за Симан кој претрпе огромни критики од англиската јавност и тогаш му заврши репрезентативната кариера.

„Мислам дека мојот гол е поубав од оној на Роналдињо со Англија“, изјавил денес Шаќири за англиските медиуми.

Во богатата кариера одигра 72 натпревари за сениорската репрезентација на Македонија, за која постигна 15 гола од кои со сигурност најубав му е тој со Англија.

Македонија е една од ретките репрезентации со позитивен учинок во Англија

Зоран Михајлов за култниот меч Англија - Македонија 2:2

19 јуни 2023 - 15:08