
Звучи неверојатно, но е вистинито. Македонија е една од ретките репрезентации на светот која на две гостувања во Англија останала непоразена.
2002 АРТИМ ШАЌИРИ И ЧУДЕНСНОТО РЕМИ
Пред 21 година, на 16. октомври 2002-ра на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон во квалификации за Европско првенство 2004, македонските фудбалери направија огромна сензација откако одиграа 2-2 против големиот фаворит.
Тогашниот селектор Никола Илиевски - Џиџи се реши за следните 11: Петар Милошевски (капитен), Роберт Попов, Роберт Петров, Гоце Седлоски, Александар Васовски, Шумуликовски, Трајанов, Александар Митрески, Гоце Толески, Артим Шаќири и Влатко Гроздановски.
На клупа за резерви беа: Јане Николовски, Бобан Грнчаров, Мирослав Вајс, Горан Пандев(влезе наместо Седлоски во 63’ минута), Милан Стојановски (влезе наместо Трајанов во 94’ минута), Стојанче Игњатов и Драган Начевски.
Селекторот на Англија Свен-Горан Ериксон тогаш на терен ги прати: Дејвид Симан, Гери Невил, Ешли Кол, Вејн Бриџ, Сол Кембел, Џонатан Вудгејт, Џерард, Бекам, Сколс, Смит, Овен.
Кај Англичаните резерви беа: Дени Милс, Дејвид Џејмс, Саутгејт, Ники Бат (влезе место Џерард во 56’ минута), Лампард и Дариус Васел (влезе место Бриџ во 59’). На овој натпревар Дејвид Симан го одигра последниот меч во репрезентативната кариера, негов јубилеен 75-ти кој му го одбележа Шаќири со неверојатниот еврогол.
Македонските фудбалери сензационално водеа на два пати. Прво Артим Шаќири го постигна најпознатиот гол во нашата фудбалска историја откако од корнер го матираше Дејвид Симан во 11’ минута. Набрзо Дејвид Бекам израмни во 14’ минута, но Ванчо Трајанов одново ја врати предноста на Македонија во 25’ минута со прекрасен гол за ерупција меѓу македонските навивачи.
Стивен Џерард израмни на 2-2 во 36’ минута и тоа беше конечен резултат.
НОВО СЕНЗАЦИОНАЛНО РЕМИ
Англија, колевка на фудбалот, земја во која е основана оваа најубава игра, важи за неколкуте најмоќни сили во овој спорт. На свој домашен терен, секогаш пред преполни трибини, англиските фудбалери ретко не победуваат.
Една од селекциите на која ѝ успеа и втор пат да остане непоразена на Островот е токму нашата Македонија.
По чудото во Саутемптон кога одигравме 2-2, со Англија фудбалската судбина нè спои повторно само неколку години подоцна. Повторно во евро квалификации за Европското 2008.
На 7. октомври 2006-та година на прекрасниот „Олд Трафорд“ каде и вечерва ќе се сретнат двете селекции, Македонија оддолеа и зема голем историски бод. Трибините тогаш беа преполни со 72.062 гледачи а така се очекува да биде и вечерва откако ФА соопшти дека се продадени сите влезници до последно место.
Тогаш селектор ни беше Среќко Катанец кој ги одбра: Николовски, Новески, Петров, Седлоски, Лазаревски, Игор Митрески, Александар Митрески, Шумуликоски, Мазнов, Наумоски, Пандев.
На клупа за резерви беа: Пачовски, Јанчевски, Васовски, Попов, Шаќири, Пандев (влезе место Тасевски во 83’ минута) и Стојков (влезе место Наумоски во 45’ минута).
Англија под водство на Стив Мекларен истрча со: Робинсон, Гери Невил, Тери, Ледли Кинг, Ешли Кол, Џерард, Лампард, Карик, Даунинг, Руни и Крауч.
На клупа за резерви беа: Киркланд, Фил Невил, Карагер, Паркер, Бент, Рајт Флипс (влезе наместо Даунинг во 70’ минута), Дефо (влезе наместо Руни во 74’ минута).
И покрај тоа што Англичаните имаа поголем посед и повеќе шанси преку Џерард, Руни, Лампард и Крауч, нашата репрезентација беше одлично поставена, одбраната функционираше беспрекорно и Јане Николовски го сочува својот гол.
ПОРАЗИ ВО СКОПЈЕ
Што се однесува до возвратните дуели, на „Градски“ во Скопје, Англија победи на два пати.
Селектор беше Драган Канатларовски кој ги одбра: Милошевски, Ставревски, Митрески, Гроздановски, Милан Стојановски, Трајанов, Шумуликовски, Христов, Шаќири, Пандев, Наумоски.
Резерви беа: Николоски, Капинковски, Ќумбев, Славчо Георгиевски, Драган Димитровски (влезе наместо Христов во 88’ минута), Брага (влезе наместо Гроздановски во 65’ минута), Ѓузелов (влезе наместо Пандев во 48’ минута).
Ериксон ги одбра: Џејмс, Гери Невил, Кембел, Тери, Ешли Кол, Харгревјс, Бекам, Лампард, Руни, Ники Бат и Мајкл Овен.
Резерви беа: Робинсон, Бриџ, Апсон, Џо Кол, Хески (влезе наместо Лампард во 46’ минута), Фил Невил (влезе наместо Руни во 75’ минута) и Кирон Даер (влезе во 85’ минута наместо Овен).
На тој 6. септември 2003-та, кога Тоше Проески ја испеа македонската химна пред почетокот на мечот, „Гордиот Албион“ славеше 1-2 иако Македонија водеше 1-0 на полувреме со голот на Ѓорѓи Христов во 27’ минута.
Во вториот дел тогаш 18-годишниот Вејн Руни го постигна својот дебитантски гол и тоа со волеј за Англија и израмни на 1-1 во 53’ минута а Дејвид Бекам ги постави конечните 1-2 од пенал во 63’ минута.
МАКЕДОНИЈА - АНГЛИЈА 0-1
Во квалификациите за Евро 2008, Англија победи во Скопје со голот на Питер Крауч кој беше негов 11-ти на 14 меча за репрезентацијата.
За Македонија тогаш настапија: Николовски, Новески, Петров, Седлоски, Игор Митрески, Лазаревски, Јанчевски, Шумуликоски, Наумоски, Мазнов, Пандев.
На клупа за резерви беа: Пачовски, Александар Митрески, Васоски, Гроздановски, Шаќири (влезе место Наумоски во 74’ минута), Стојков (влезе место Мазнов во 56’ минута) и Дарко Тасевски (влезе место Јанчевски во 52’ минута).
За Англија под водство на Стив Мекларен играа: Пол Робинсон, Фил Невил, Фердинанд, Тери, Ешли Кол, Харгревјс, Лампард, Џерард, Даунинг, Дефо и Крауч.
На клупа за резерви беа: Бен Фостер, Вејн Бриџ, Весли Браун, Дарен Бент, Арон Ленон (влезе место Дефо во 76’ минута), Карик (влезе место Лампард во 84’ минута), Ендрју Џонсон (влезе место Крауч во 87’ минута).
**********************************************************************