
На аеродромот во Скопје нашите херои ги пречекаа мала група навивачи, новинари и двајца славни спортисти кои имаат доживеано спектакуларен пречек на плоштад, откако едниот заврши четврти како кошаркар, а другиот петти во Европа како ракометар.
За фудбалерите во првите редови се појавија претседателот на КФМ, Перо Антиќ и директорот на АМС, Наумче Мојсовски кои го изгушкаа Горан Пандев и им честитаа на Мрме и компанија за дебитантското учество на ЕП.