Реал Мадрид воодушеви и изненади против Манчестер Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Алваро Арбелоа со куп повредени, меѓу кои и Мбапе, го растури Манчестер Сити со 3:0.
Во ситуација на ослабен напад, Федерико Валверде како играч од среден ред блесна со првиот хет-трик во кариерата. Аплаузи и почит доби од Тиери Анри.
„Јас сум голем навивач на Барселона, но Реал Мадрид заслужува огромни пофалби. Никој не можеше да го предвиди ова. Никој не можеше да го предвиди ниту хет-трикот на Валверде. Секој што ќе ви каже поинаку лаже. Сакам да зборувам за тимската игра што ја покажаа. Така се добиваат натпревари, секој се бореше да брани некој друг. Валверде заслужува посебни пофалби затоа што е исклучителен војник за овој клуб, а постигнувањето три гола не е нешто што го направил претходно, и затоа му оддавам признание“, рече Французинот.
Сепак, не беше само Уругваецот тој го привлече вниманието на поранешниот голгетер.
„Сакам да зборувам и за... Не знам како да го изговорам неговото презиме. Питарч? Го гледав внимателно и можам само да кажам: каква игра. Беше насекаде на теренот“, заклучи Анри.
Французинот зборуваше и за притисокот да се игра за Реал Мадрид.
„Не знам што има на тој дрес. Не знам дали го мачкаат со нешто. Се шегувам, секако дека не би го носел, но можеби ако го носев, би ми помогнало да си ја вратам косата. Знам дека е многу тешко да се носи тој дрес, но играчите во него изгледаат поинаку. Различен е од другите и тоа мора да се признае.“
Анри имаше уште едно признание.
„Признавам дека не го очекував ова од Реал Мадрид. Колку и да ми е тешко да го изговорам ова: секоја чест“, му честиташе поранешниот напаѓач на Барселона на својот некогаш голем ривал.