Приказните на Мурињо поврзани со Интер обично се однесуваат на Балотели, пред некој ден ви ги пренесовме неговите последни зборови пред да излезат на мегдан со Барселона, а овој пат главен протагонист е тој самиот.
Раскажува една комична ситуација која сигурно не би ја раскажал друг тренер.
„Игравме на гости против Фиорентина, губевме и потоа направивме целосен пресврт. “Победничкиот гол“ го постигнавме некаде во 90-та, 91-ва минути, но домаќините израмнија во 94-та. Влегувам во соблекувалната и како и обично не велам ништо, но некои од играчите како на пример Жулио Цезар беа толку вознемирени мислиш светот завршил.
Јас не се чувствував така бидејќи после два дена требаше пак да играме против Фиорентина во полуфиналето од Купот на Италија. Им зборував на играчите дека треба да се разбудат, да го заборават резултатот, бидејќи тука треба да дојдеме повторно и да ги победиме. Во тие моменти шутнав со ногата еден дрес кој беше на земја, се лизнав и паднав. Во соблекувалната настана штама, никој ништо не кажа, а јас лежев на земја со болки во грбот“, раскажува Мурињо со онаа негова препознатлива насмевка.
Штета што целото интервјуто е на португалски. Оваа анегдота е на 13:16 на видеово.