Имаме нов фаворит во нашата потрага за „промашување на сезоната". Кандидатот е Бразилецот Луиз Адриано од Шахтар, а потегот го изведе на гостувањето кај Иличивец каде за среќа неговиот тим на овој натпревар од украинското првенство на крајот победи со 1:2.