Oranje Trophy е традиционална турнеја на холандски љубители на спорт кои освен што сакаат да ги бодрат своите, сакаат и добро да се прошетаат.
Во 2008-та година патуваа до Пекинг на Олимписките игри, во 2010-та година возеа од Амстердам до Јужна Африка за Светското првенство, во 2012-та година направија тура низ Русија, Украина и Полска за време на Европското првенство, а оваа година тие со своите автомобили ќе пристигнат во Рио.
Тргнаа од Њујорк на 28 март и ќе поминат 25.000 километри низ 14 држави за да ја бодрат својата репрезентација на Светското првенство во Бразил.